
10 Авг Интернационален театарски фестивал „Скупи Фестивал” | Претстава на француската трупа „La Belle Meunière” – „Креденец во живо“ | 7.10.2023
Сабота 7 октомври 2023, 20:00 | Албански театар во Скопје
Интернационален театарски фестивал „Скупи Фестивал” „ Skupi Festival ”
Претстава на француската трупа „La Belle Meunière” / „Ла бел Мениер“
„КРЕДЕНЕЦ ВО ЖИВО“
на Маргарит Борда, Рафаел Котен и Пјер Мение
Интернационалниот театарски фестивал „Скупи фестивал” е основан во 2007 под покровителство на Албанскиот театар од Скопје.
Оваа година, со поддршка од Францускиот институт во Скопје, фестивалот го носи ремек делото на трупата „La Belle Meunière”,насловено „Креденец во живо “. Претставата е создадена во 2014 година и премиерно прикажана на Фестивал д’Авињон.
Пјер Мение и Рафаел Котен полека уништуваат едно старо парче мебел и неговите спомени. Тоа е поставено на празна сцена. Стар креденец чии фиоки се полни со заборавени сеќавања кои исчезнуваат како бела прашина.
Ниту креденецот зборува, ниту протагонистите, но гледачот сепак неизбежно ги слуша зборовите на оваа нема претстава.
Одеднаш, слушајќи Радио Носталгија, обајцата го напаѓаат, го растргнуваат на парчиња креденецот, сакајќи да ги исфрли неговите семејни тајни.
Не сме далеку од помислата дека и ние еден ден ќе бидеме уништени со чекан или ѓуле или пак експлозив. Се смееме и се плашиме. Откако креденецот ќе биде сосема уништен, покрај градината е поставен знак: „Движете се слободно”.
Дали нам ни се обраќа? Потем нешто возбудливо се случува. Чудни луѓе на сцената се чини дека тивко ги редат и ги местат искршените парчиња дрво. Деца се качуваат на сцена. Малку по малку, гледачите се издигаат од своите места и учествуваат во ова ново колективно уметничко дело кое во суштина е обнова.
Не ја пропуштајте ја оваа единствена претстава!
