
18 Јул Летен одмор во Францускиот институт | 22.07 – 13.08.2023
Францускиот институт во Скопје ве информира дека за време на летните одмoри ќе биде затворен од сабота 22 јули до недела 13 август 2023.
Останете конектирани на нашата ОНЛАЈН МЕДИЈАТЕКА и продолжете да ги користите нејзините богати дигитални ресурси.
Воедно, уште отсега ви ја најавуваме нашата следна културна средба со учество на фестивалот на креативен документарен филм Македокс, којшто ќе се одржи од 17 до 24 август 2023.
Ви посакуваме пријатен летен одмор!
