
08 Авг Концерт на современа музика на ансамблот „Нов здив“ со диригентот Паскал Галоа | 9.10.2023
Понеделник 9 октомври 2023, 20:00 | Филхармонија на Севрена Македонија
Концерт на современа музика на ансамблот „Нов здив“
Состав: француски и македонски музичари
Паскал Галоа, диригент, директор на Конзерваториумот и специјалист за современа класична музика, ја продолжува соработката со македонскиот ансамбл „Нов здив” кој ќе одржи концерт во Скопје и уште два други концерта на Салцбургскиот фестивал, во соработка со Универзитетот „Моцартум” во Салцбург.
Со поддршка на Министерството за култура на РСМ и здружението СЕМ (Центар за музичко образование)
