Конкурс за педагошка обука во Франција за 4 професори по француски јазик

FRANCOPHONIA_Sejours_Site

Конкурс за педагошка обука во Франција за 4 професори по француски јазик

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на француското Министерство за надворешни работи и за Европа, нудат педагошки обуки во времетраење од една недела во Франција за 4 професори по француски јазик во државните училишта во Северна Македонија.

Обуката, организирана од Francophonia, ќе се одвива во Ница, од 16 до 22 јули 2023, и опфаќа повеќе модули, работилници и предавања, како и посети и ексурзии за запознавање со регионот.

Сите трошоци околу престојот, транспортот, сместувањето и оброците ќе бидат покриени од страна на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА :

  • Мотивација и педагошки проект
  • Избор на обука во склад со профилот на кандидатот и согласно предлозите за педагошки обуки
  • Споделување на стекнатите знаења за време на обуката на непосредното опкружување (ученици, родители, колеги, школско раководство)
  • Приоритет ќе имаат кандидатите кои досега да немаат користено педагошка обука или друг престој во Франција финансирани од страна на Амбасадата на Франција и Институтот.

Последен рок за достава на досие за кандидатура е 5 мај 2023.

Избор на модули на обука

Кандидатот избира два модула од листата со 140 обуки кои се понудени на веб-страницата на Francophonia: каталогот со модули е достапен на следниот линк : https://www.francophonia.com/catalogue-de-formations/

КАКО ДА КОНКУРИРАТЕ?

Заинтересираните професори по француски јазик треба да достават досие за кандидатура коешто ќе ги содржи следните документи во дигитална форма (во еден pdf фајл) :

  1. Целосно пополнет формулар за пријава
  2. Curriculum vitae
  3. Мотивациско писмо во кое ќе биде образложен педагошкиот проект, мотивите поради кои би сакале да ја следите обуката и план за споделување на стекнатите знаења
  4. Копија од важечки пасош, чија важност не истекува пред 31 декември 2023.

Педагошкиот проект на кандидатот, којшто ќе биде образложен во мотивациското писмо и внимателно ќе биде разгледан од комисијата:

  • Кандидатот прецизно да назначи за кои обуки е заинтересиран од постоечкиот каталог (https://www.francophonia.com/catalogue-de-formations/).
  • Кандидатот треба да го објасни изборот, детално образложувајќи ги потребите за обука и мотивите зошто би сакал да е дел од оваа програма
  • Ако кандидатот досега бил корисник на стипендија или обука во Франција финансирани од Амбасадата на Франција, потребно е да ја објасни дополнителната потреба од нова обука во насока на негово професионално усовршување.

Членови на изборна комисија:

Досиејата за кандидатура ќе бидат разгледани од претставници од Одделот за соработка при Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје. Со оглед на тоа дека има 4 места, квалитетот на педагошкиот проект, мотивацијата и реалните можности за искористување на знаењата стекнати за време на обуката ќе бидат одлучувачки при селекција на кандидатите.

Искпраќање на досието за кандидатура:

Секое досие за кандидатура треба да биде испратено во еден целосен pdf документ, најдоцна до 5 мај 2023 на следната мејл адреса: education@ifs.mk