ndiqni aktivitetet tona përmes emailit

site map

Arsim dhe gjuhë frenge

ПОВИК ЗА ОБРАЗОВНИ ПРОЕКТИ
НАМЕНЕТ ЗА УЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

ФРАНКОФОНИЈА 2019

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ДЕТАЛНИОТ ПОВИК

 

Еднаш годишно, Францускиот институт во Скопје објавува повик за едукативни проекти во знак на поддршка на училишните иницијативи, што, впрочем, е и дел од мисиите на Институтот.

Целта е да се придонесе во раздвижување и отвореноста на младите кон францускиот јазик и да учествува во развојот на иновативна педагогија во наставата на француски и по француски јазик.

Повикот за образовни проекти на Францускиот институт е на тема патувања и делото на франкофонскиот автор Никола Бувие.

На повикот можат да одговорат училишта во Р. Македонија во кои се изучува францускиот јазик на сите нивоа (основни, средни училишта и универзитети).

Учество се зема со испраќање на пополнета пријава најдоцна еден месец пред датумот на започнување на проектот, на следниот мејл: education@ifs.mk


Приоритет ќе имаат проектите коишто:

  • ја опфаќаат предложената тематика
  • се оригинални и им отвораат нови видици на учениците коишто го изучуваат јазикот
  • му даваат видливост на францускиот јазик
  • побараниот буџет ја покрива предвидената активност

Ги покануваме училиштата од ист град да соработуваат едни со други и да предложат заеднички проект.

Понудената финансиска помош е во висина од 150 и 500 евра.