Летен регионален универзитет во Струга 2018
Континуирана обука
Овогодишното издание на Летниот регионален универзитет во Струга се рганизира од страна на Францускиот институт во Скопје, Француските институт во Србија и Хрватска и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставува значајна обука за пфрофесорите по и на француски јазик на Балканот и од Југоисточна Европа.
Главната цел на оваа обука е да се зголеми визибилитетот на францускиот јазик, да се засили неговото место во образовниот ситем на земјите учеснички на обуката и да созададе поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји. Летниот универзитет во Струга е отворен за сите земји од регионот.
Оваа година, Летниот универзитет се одржува од 2 до 8 јули 2018 во хотелот „Дрим“.
Сите потребни информации за програмата, како и формуларот за упис се достапни на веб страницата на Летниот регионален универзите во Струга 2018.