ndiqni aktivitetet tona përmes emailit

site map

Arsim dhe gjuhë frenge

Програма за франкофонски туризам

Програмата за франкофонски туризам ви предлага да станете компетентен учесник во секторот на туристичката дејност.

Македонија, особено охридскиот регион со својата извонредна природа, нуди потенцијал за привлекување на туристи од целиот свет вклучително и туристи од франкофонско говорно подрачје.
Француските туристи претставуваат нов пазар со голем потенцијал за Македонија.

Програмата за франкофонски туризам на Францускиот институт во Скопје, во соработка со реномирана туристичка агенција, има за цел да обучи лица компетентни на француски јазик кои поседуваат соодветни умешност и знаење со цел да одговорат на потребите на франкофонската клиентела.

Оваа програма се однесува на лица кои сакаат да се специјализираат до доменот на туризмот и да развијат способност да работат на француски јазик.

Услови за учество:

  • Да се има најмалку 18 години и интерес за секторот на туризмот:
  • Да се биде државјанин на Македонија и слободен за патувања
  • Да се поседува основно познавање од францускиот јазик

За да се учествува во програмата, потребно е да се испрати CV и писмо за мотивација на следната електронска адреса: education@ifs.mk


Погледнете ја целосната програма.