ndiqni aktivitetet tona përmes emailit

site map

Arsim dhe gjuhë frenge

Летен универзитет во Струга 2016

Збогатени со повеќе од 15 годишно искуство во организација на летен универзитет кој нуди квалитетна педагошка обука на стотина професори од Македонија и соседните земји, Францускиот институт во Скопје го зајакнува регионалниот карактер на овој универзитет во 2016 со цел истиот да претставува важен и значаен момент во континуираната обука на професорите по и на француски јазик од Југоисточна Европа.

Летниот регионален универзитет во Струга, координиран од Францускиот институт во Скопје е во коорганизација на 4 земји: Албанија, Хрватска, Македонија и Србија.

Модулите за обука се однесуваат првенствено на професори од земјите коорганизатори, како и од соседните земји: Бугарија, Грција, Унгарија, Црна Гора, Косово, Романија, Турција, Словачка.
Модулите можат да ги следат и професори од други земји.

Главната цел на овој регионален универзитет е да му даде визибилитет на францускиот јазик, да го зајакне местото на францускиот јазик во образовните системи на земјите и да овозможи да се создаде вистинска врска и размена на професионални пракси помеѓу професорите од сите земји.

Летниот регионален универзитет во Струга ќе се одвива од понеделник 4 до петок 8 јули 2016 во просториите на хотел “Дрим.

Летниот регионален универзитет во Струга нуди 6 модули, од по 18 часа обука за секој од нив (подолу се наоѓа линк за преземање на целосниот документ за Универзитетот со опис за секој модул).
Професорот се запишува на еден од овие модули и се обврзува да ја следи обуката во целост; потврда за учество ќе биде издадена на крајот на семинарот, под услов
учесникот редовно да ја следел обуката.

Францускиот институт во Скопје ги презема на свој товар трошоците за обука и сместување на база на полн пансион за професорите од Македонија.

Учесниците плаќаат финансиско учество во висина од 400 ден. кои се уплаќаат на лице место.
Патните трошоци се на товар на учесниците.

Уписите се отворени до 30 април, краен датум за пријавување.
За да се запишат, професорите треба да го пополнат ФОРМУЛАРОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ.

 

За подетални информации, ве молиме ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ЦЕЛОСНИОТ ДОКУМЕНТ СО ОПИС.