ndiqni aktivitetet tona përmes emailit

site map

Arsim dhe gjuhë frenge

ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ:
РАНО ИЗУЧУВАЊЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ЈАЗИК ВО НАСТАВАТА
 

Францускиот институт во Скопје организира обука за наставници по француски јазик на деца, која се состои во користење на повеќекратна интелигенција во наставата по француски јазик, преку користење на тематиката „вода“.
Темата е избрана во пресрет на Меѓународната конференција за клима во ноември годинава, чија земја претседател е Франција.

Обуката ќе се изведе в петок 13 и сабота 14 ноември 2015, од 9:00 ч. до 16:30ч, во Мултимедијалниот центар за настава на Францускиот институт во Скопје.

Цели на обуката се:

  • Користење на едноставни и јасни алатки и техники на часовите по француски јазик, земајќи ја предвид теоријата на повеќекратна интелигенција;
  • Користење со стратегии за рано изучување на францускиот јазик со користење на повеќекратна интелигенција на темата „вода“.

Обуката ќе ја одржи г-ѓа Маријана Капие, обучувач за рано изучување на францускиот јазик во наставата и автор на учебници по француски јазик за деца.

Услови за учество:
Обуката се однесува на сите професори кои предаваат француски јазик на деца во основните училишта или во Францускиот институт и Алијансите во Македонија. Кандидатите треба да имаат минимум Б1 ниво познавање на францускиот јазик.

Трошоците за превоз се на товар на учесниците на обуката.

Секој учесник на крајот од обуката ќе добие потврда за следење на истата, книги кои ја обработуваат наведената тематика и ќе можат потоа да бидат искористени за време на наставата, како и книги за подготовка на испитите ДЕЛФ Прим.

Наставниците кои ќе ја следат оваа обука се обврзуваат да реализираат понатамошни педагошки активности на тема „вода“ и да достават фотографии од истите во Фраанцускиот институт во Скопје.

Максимален број на учесници на обуката е 16.

Учесниците треба да достават барање за следење на обуката до Љупка Димова : ljupka.dimova@ifs.mk со пополнување на ФОРМУЛАРОТ , најдоцна до 6 ноември 2015 год.

Тука можете да пронајдете повеќе детали за обуката.