следете ги нашите активности на mail

site map

Студирање во Франција

Саем на студии во Франција 2019

Четврток 31 октомври 2019, 12 - 16 часот
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје 


Успешно 12-то издание на Саемот за студии во Франција и отпочнување на кампањата „Добре дојдовте во Франција“.

Оваа убава средба ја отворија Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, г-дин Арбер Адеми, Министер за образование, г-дин Фримзим Даути, Директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, и г-дин Ерик Лобштајн, одговорен за меѓународни односи при Универзитетот во Каен, Нормандија.

Овогодишниот Саем за студии во Франција се одржа в четврток, 31 октомври 2019, со почеток во 12 часот, во Националната и униеврзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Саемот е една „задолжителна“ средба за македонските студенти, кои во голем дел доаѓаат од двојазичните паралелки, и имаат желба да продолжат со студии во Франција. Саемот претставува одлична можност да се стекнат со најпотребните информации околу студентските програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, а воедно и да се информираат околу студентскиот живот во Франција. 

Овој настан е и прилика да се зацврстат веќе постоечката соработка помеѓу домашните и француските високообразовните установи.

Линк кон галерија од настанот 

Преземете ја програмата на Саемот на студии во Франција

Преземете го флаерот за Саемот на студии во Франција

Преземете ја брошурата „Избери ја Франција“

Преземете ја брошурата за програмата „French Sciences“

-   -   -   -  


Следете го настанот на социјалните мрежи: #RealiseTonReve  #ChooseFrance  #СтудирајВоФранција

-   -   -   -  

Во соработка со Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје