следете ги нашите активности на mail

site map

Студирање во Франција

Каде да студирате во Франција?

Градовите од внатрешноста поевтини од Париз

Студирањето во Париз е привлечно, но е поскапо од студирањето во другите француски градови, кои исто така нудат квалитетно високо образование, како што се Тулуз, Монпелје, Бордо, Марсеј, Лион ...

Весникот „Фигаро" објави напис на оваа тема на 21 август 2013, изнесен подолу:

Фигаро, 21 август 2013

Една студија на УНЕФ (Национална унија на студентите во Франција) прави споредба на трошоците за студентски живот меѓу 8 провинциски градови.

Монпелје е најскап град, но сепак далеку поевтин од Париз.

Разликата е голема! Од Тулуз до Монпелје, разликата во трошоците за студентски живот се состои во неколку стотици евра годишно. Ако студентите трошат во просек од 6771 евра за секојдневна потрошувачка, здравствено осигурување, упис на факултет, исхрана, без разлика дали се во Северна или Јужна Франција, трошоците за сместување, транспорт се разликуваат драстично од еден град до друг.

Тулуз познат по ниски цени, Монпелје е „лош пример“

Тулуз се искачи на врвот на на најефтини градови за студирање: доволни се 11.581 евра за да се издржи годината. Со потребни 4710 евра за сместување на годишно ниво, ова е најефтиниот град во Франција, вклучително и транспортните трошоци, за кои се потребни само 100 евра годишно. Сега е јасно зошто овој град се наоѓа на врвот на листата од најпријатните градови за студирање. Марсеј е исто така прифатлив со 11.755 евра годишно, како и Бордо (11.805 евра) и Лион (11.852 евра). За чудо, градовите на северот на Франција се над просекот: Стразбур (11.919 евра), Рен (11 931 евра), Лил (12.151 евра).

Но, најскапиот град од внатрешноста и понатаму останува Монпелје, каде што просечната годишна кирија е 5280 евра, поради која се стигнува до вкупната потребна сума од 12.296 евра, вклучувајќи ги сите трошоци. Тука не се вбројува Нанси, кој пак си се смета за "најдобриот студентски град во Франција" .
Дури 700 евра делат Тулуз од Монпелје, но градовите од внатрешноста уживаат финансиска предност во однос на Париз. Во главниот град, за една студиска година потребни се во просек 15.520 евра, вклучувајќи ги и трошоците за превоз, кои се двојно повисоки отколку во другите градови, од кои отпаѓаат 7893 евра на сместување.