следете ги нашите активности на mail

site map

Студирање во Франција

Стипендии од француската влада

Се работи за едногодишни стипендии за студирање (9 до 10 месеци), наменети за студенти на ниво Мастер или Докторат.

Кандидати кои можат да се пријават за оваа програма на стипендии треба да бидат мотивирани, да имаат солиден успех во претходните студии и да имаат избрано домен на студии кој се смета за приоритетен за развој на земјата. Потребно е кандидатите да имаат солидно ниво на познавање на францускиот јазик.
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, за студентското здравствено осигурување и за останатите животни трошоци.

Крајниот рок за доставување на барањето за стипендија е 30 април.

Други програми за стипендии кои ви стојат на располагање:

 

Стипендии од Универзитетската агенција за франкофонија

Бирото на Универзитетската агенција за франкофонија за централна и источна Европа со седиште во Букурешт нуди бројни програми за стипендии за студиски престој и за професионална пракса.
Повеќе информации на веб страната : www.auf.org/bureau/bureau-europe-centrale-et-orientale/

Стипендии Ајфел

За нивоа Мастер и Докторат во домените: право и политички науки, економија и менаџмент, технички науки. Барањата за овие стипендии ги поднесува самата француска високообразовна институција.
Повеќе информации на веб страната: http://www.egide.asso.fr/jahia/Jahia/accueil/appels/eiffel

Европски програми за стипендии

Програмата Еразмус нуди стипендии за студии или пракса од 3 до 12 месеци.
http://ec.europa.eu/education/lifelong-learning-programme/erasmus_fr.htm

Програмата Еразмус Мундус за нивоата Мастер и Докторат ја изготвуваат најмалку три високообразовни институции од различни земји. Наставата е организирана така да се следи на најмалку два универзитети, а студентите добиваат двојна, заедничка или диплома од повеќе универзитети.
http://ec.europa.eu/education/external-relation-programmes/mundus_fr.htm

Бројни француски и меѓународни организации нудат различни можности за стипендии.

Пребарувачот CampusBourses го олеснува пристапот до информации за можностите за финансирање на студиите:
www.campusfrance.org/fria/bourse/index.html

За сите информации кои се однесуваат на студирање во Франција (наоѓање на бараната студиска програма, подготовка на кандидатурата, добивање практични информации за студентскиот живот во Франција, за програмите за стипендии итн...), можете да се обратите до одделот Кампус Франс во Францускиот институт во Скопје.
skopje@campusfrance.org