следете ги нашите активности на mail

site map

Студирање во Франција

Запишување на француските универзитети

За запишување во прва или втора година на универзитет, студентите мораат задолжително да ја следат процедурата ДАП (Demande d’admission préalable) т.е барање за прелиминарно запишување на универзитет.

На универзитетите во Франција не се полага приемен испит, единствено се бара кандидатот да има положено матура. Меѓутоа, за странските студенти е задолжителен тестот по француски јазик (Тест за познавање на француски јазик за процедурата ДАП - Барањето за прелиминарно запишување).

Ослободени од овој тест се оние кандидати кои имаат официјална диплома за познавање на францускиот јазик ДАЛФ (Диплома за продлабочено познавање на француски јазик), ниво Ц1 и Ц2 според заедничката референтна европска рамка за јазици, како и оние кои имаат ДЕЛФ (Диплома за познавање на француски јазик), ниво Б2. Меѓутоа, и тие треба да го пополнат истото барање за пред запишување и во истиот временски рок.
Учениците кои завршиле франкофонска билингвална паралелка и го положиле завршниот тест од билингвалната настава исто така се ослободени од Тестот за познавање на француски јазик за процедурата ДАП.

Секако, треба да се знае дека универзитетите се автономни и имаат право да побараат полагање на тест по француски јазик.

Формуларот за пријавување на универзитет може да се подигне почнувајќи од 1 декември во Одделот Кампус Франс или да се најде во електронска верзија на веб страната на Министерството за образование.

Краен рок за доставување на барањето е 22 јануари.

За запишување на Мастер или Докторат, вашата кандидатура треба да ја доставите директно до Универзитетот на кој сакате да ја следите соодветната програма. Комисијата за селекција ќе ја разгледа вашата кандидатура и ќе ви даде одговор. Крајниот рок за пријавување зависи од календарот на секој универзитет одделно.

Што се однесува до запишување на Високите школи и специјализираните школи и институти, роковите и модалитетите се различни и се препорачува да се побараат информации директно од соодветните образовни институции.