следете ги нашите активности на mail

site map

Студирање во Франција

Саем за студии и туризам

Добредојде во Франција!

 

Саемот за студии и туризам „Добредојде во Франција“ се одржа во четврток 27 октомври 2016 во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, во присуство на голем број на млади од цела Македонија.

Саемот официјално офоцијално го отворија Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и г-дин Иван Заров, Директор на библиотеката.

Воедно беше промовирана платформата „Алумни Франција“, првата дигитална мрежа којашто ќе им овозможи на лицата кои студирале во Франција да ги споделат искуствата и да останат во меѓусебен контакт.

Овој саем претставуваше единствена прилика за младите да се информираат за програмите за стипендии, практични прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети, за особено ниските школарини, едноставните процедури при упис, за можностите за студентска пракса во француски компании, но и да се запознаат со туристичкиот потенцијал на Франција преку презентациите на три француски региони: Корзика, Нормандија и Алзас.

Воедно, се одржаа и работилници за подготовка на CV и мотивациско писмо.

Линк кон галерија со фотографии од настанот.

Преземете ја програмата на настанот.