следете ги нашите активности на mail

site map

Студирање во Франција

Универзитетска соработка


Универзитетската соработка е еден од главните елементи во развојот на соработката на ова поле помеѓу Франција и Македонија.

Воспоставени се повеќе соработки помеѓу македонските и француските високообразовни установи на билатерален и мултилатерален план:

  • Универзитетот во Орлеан и Универзитетот во Скопје воспоставија мастер студии по странски јазици и меѓународна трговија
  • Универзитетот во Стразбур воспостави мастер студии по право на интелектуална сопственост со Факултетот по право при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Нови воспоставени соработки со француските високообразовни установи

Во тек е потпишување на договорот за двострана соработка со Медитеранскиот институт по агрономија во Монпелије.

Нова соработка со Универзитетот во Каен

По престојот на претставници од Универзитетот во Каен во 2015 година во Македонија, се отворија повеќе можности за соработка со три универзитети од Македонија: Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (конкретно со Филолошкиот факултет), Институтот за национална историја во Скопје и Универзитетот на Јогоисточна Европа во Тетово.
Поддршката од прогамата Еразмус + е повеќе од добредојдена.