следете ги нашите активности на mail

site map

Студирање во Франција

Професионална пракса и престој за студенти во Франција и во странство
поддржани од Францускиот институт во Скопје

 

Францускиот институт во Скопје има за цел да ја поттикне мобилноста на младите од Македонија.

Во овој контекст, Францускиот институт во Скопје ја создаде програмата за пракса и мобилност во Франција и во странство, во рамките на која четворица млади од Македонија беа мобилни во текот на 2016 година.

Во почетокот на 2016 година беа понудени две професионални пракси во француски компании. Овие понуди беа наменети за студентите од Македонија. Овие професионални престои на младите се реализираат благодарение на поддршката од Универзитетската агенција за Франкофонијата, а Францускиот институт во Скопје на младите им овозможи јазична подготовка прилагодена на потребите на идните практиканти.

  • Насте Настевски, студент по право на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј, беше првиот кандидат избран за заминување на пракса. Од мај 2016 год,. тој стажираше во француската групација Thalès во Атина. За време на неговата тримесечна пракса во оваа компанија на француски јазик, тој го проучиваше пазарот во регионот.

  • Стефан Јовановски беше избран за да замине на шестмесечна пракса во седиштето на Société générale во Париз. Овој студент со помош на Францускит институт во Скопје замина на пракса во Париз. Денес, тој работи во Охридска банка - Сосиете Женерал Групација.

  • Ана Димевска замина на јазичен престој во Стразбур. Благодарение на партнерството помеѓу Францускиот институт во Скопје и Француската Алијанса Стразбур-Европа, студентката доби стипендија којашто го покри престојот, сместувањето и педагошките трошоци.

  • Амра Исмани е студентка во Меѓународниот Институ за Мода на Изет Цури. Во мај 2016 год., таа ја освои првата награда за време на еден моден натпревар во Музејот на современата уметност во Скопје. Францускиот институт и додели престој во Париз, којшто таа го реализираше во текот на 2016 година.