следете ги нашите активности на mail

site map

Студирање во Франција

УСПЕШНО ОДРЖАН
САЕМОТ НА СТУДИИ ВО ФРАНЦИЈА 2015


Понеделник, 2 ноември 2015, од 11:00 до 18:00 часот
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје

 

*30 француски универзитети присутни на саемот!

Претставување на новата програма за пракса во француски компании!

Сите процедури за упис, за студиските програми, програмите за стипендии достапни директно од претставниците на француските универзитети!

Интерактивно катче „проверете го вашиот француски јазик“!

Презентација на Culturethèque!

 

Францускиот институт во Скопје и одделот за високо образование Кампус Франс го организира и ова особено успешно издание на Саемот на студии во Франција, кој беше посетен од повеќе од 700 посетители во еден ден!

Овој настан им овозможи на учениците и на студентите, на професорите и на родителите да се сретнат со бројни претставници на француски универзитети и високи школи и да добијат информации за различните студиски програми кои ги нудат француските високообразовни институции. 

Овогодишното издание на Саемот на студии, исто така, понуди и разновидна програма, присуство на претставници или алумни на околу 30 француски универзитети, кои беа присутни за разговор со заинтересираните. Воедно, беше реализирана и програмата за он-лајн разговори со македонски студенти, кои во моментов престојуваат во Франција.

Саемот официјално го отвори Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција.


Новитетите на овој Саем беа:

  • промоција на новата програма за пракса во успешни француски компании - „Идни професионалци“, и
  • јазичното интерактивно катче „Провери го твојот француски!“, кадешто посетителите преку квизови и разновидни забавни активности ќе можат да го проверат нивото на познавање на францускиот јазик.

Овој настан е дел од Регионалниот патувачки саем на студии во Франција кој посетува повеќе земји на Балканот: Бугарија, Србија, Босна, Црна Гора и Македонија.

 

Преземете ја програмата на Саемот.

Распоред на Скајп разговори.

Преземете ја брошурата со искуства од студиите во Франција на француски стипендисти.

ЗОШТО ДА СТУДИРАТЕ ВО ФРАНЦИЈА? (информативен флаер).

 -------------------------------------------

*на лице место или он-лајн