следете ги нашите активности на mail

site map

Студирање во Франција

Универзитетски он-лајн часови


Поврзете се со платформата FUN и пронајдете часови на француските универзитети: доживејте едно FUN искуство!

FUN е отворена плаформа со он-лајн часови (MOOC - Massive Open Online Courses), која е на располагање од страна на високообразовните француски институтции и нивните академски партнери низ целиот свет.
Оваа образовна платформа беше отворена на иницијатива на француското Министерство за високо образование.

Сите часови на платформата се изготвени од универзитетски професори и се наменети за сите оние кои имаат желба да ги продлабочат своите познавања од најразлични области на интерактивен начин и според сопствен ритам.

Моментално, часови се достапни во следните области:
- природни науки,
- општетсвени науки,
- информатика и програмирање,
- дигиталниот свет денес,
- иновации и траен развој,
- геополитика.
- здравство.

Пристапот е бесплатен, а бројот на часови е неограничен!

Истражете го каталогот на часови, кој постепено ќе се збогатува и ќе нуди разновидност на обуки согласно потребите на корисниците.