следете ги нашите активности на mail

site map

Медијатека

 

Медијатека

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје ви нуди книги и аудио-визуелни материјали кои може да ги позајмите дома или да ги консултирате на лице место. Фондот на медијатеката редовно се збогатува со нови материјали!

Ви нудиме актуелни содржини за да се запознаете со современата француска култура, за да се забавувате, да се образувате или да го научете францускиот јазик!

Нашите најнови материјали се состојат од најновите и најуспешните филмови, филмови кои што добивале награди, најновите и најпродаваните книги во областа на современа книжевност, најновите методи и книги за изучување на францускиот јазик, најдобрите и најновите материјали за млади и деца...

Отсега, ви нудиме и содржини он-лајн, преку симнување на Е книги и од вашиот дом и дигиталната платформа за деца

И на крај, остануваме отворени за секој предлог од ваша страна за купување на нови материјали. Тоа може да го направите преку делот „пишете ни што сакате да нарачаме“.

За да се запознаете со нашата најнова понуда, кликнете во горенаведените категории.