следете ги нашите активности на mail

site map

Медијатека

Анимации во Францускиот институт во Скопје

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје е место за анимации, средби и размени. 

Во текот на годината се организираат предавања и дебати, работилници и средби на најразлични тематики. На ваше располагање е и рубрика со тематски ресурси кои биле повод за предавање или дебата.  

За учениците и студентите предлагаме анимации во просториите на Францускиот институ во Скопје, но и во училиштата и гимназиите.

Целта на работилниците е да им ги открие на учениците бројните физички и дигитални ресурси на медијатеката низ педагошки пристап и преку читања, игри, слободни размени на идеи, цртање итн. Во рамките на работилниците се предлагаат актуелни теми за работа (екологија и животна околина, животни, франкофонија, француска кујна, туризам, празници и традиции во франција, стрипови...).

На линковите ќе можете да ги погледнете темите на анимациите во 2016 и 2017 година.

Доколку сте заинтересирани за анимација во Францускиот институт во Скопје, ве молиме да ни напишете на следниот мејл: mediatheque@ifs.mk