следете ги нашите активности на mail

site map

Медијатека

 CULTURETHÈQUE - 
онлајн медијатека на Францускиот институт во Скопје

 

Веќе трета година по ред, медијатеката на Францускиот институт во Скопје е збогатена со дигитални ресурси, коишто можете да ги користите преку платформата CULTURETHÈQUE.

Се работи за дигитална библиотека којашто им овозможува на членовите на медијатеките во Француските институт низ светот да пристапат до голем број на дигитални ресурси.

Книги, стипови, списанија, музика, документарни и играни филмови, концерти и предавања се дел од понудата. Повеќе од стотина илјади ресурси во дигитална форма се ставени на располагање од страна на значајни културни институции, а можат да бидат користени од членовите на Францускиот институт кои се наоѓаат на територијата на Македонија. 

Ресурсите можат да бидат отворени онлајн или да се преземат директно од платформата (2 книги симултано за период од 21 ден или најмногу 5 книги месечно од страна на еден член, и тоа преку компјутер, таблет или сматрфон).

Регистрагицијата на платформата Culturethèque е бесплатно за членовите на медијатеката на Францускиот институт во Скопје!

За сите оние кои имаат желба да се запознаат одблизу со понудата на Culturethèque можат бесплатно да се зачленат во период од три недели.

Побрзајте, регистрирајте се и откријте го светот на Culturethèque!  

Погледнете ја и видео презентацијата за понудата на Culturethèque.