следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

Гаранција за квалитет

Нашиот ангажман:

 

Информирање

- јасни и детални информации за нашата понуда на часови и сертификати, преку редовно ажурирана веб страна
- едноставни и брзи процедури за упис, формулар за пред-упис достапен он лајн
- редовно информирање преку социјалните мрежи

Прием

- персонал на ваше располагање за да ве пречека и ориентира
- чисти, оддржувани и функционални простории, сместени во центарот на градот
- училници опремени со модерен технолошки материјал (бели интерактивни табли)
- медијатека на располагање, со ресурси за учење на францускио јазик

Педагогија

- часови по француски јазик според Заедничката европска референтна рамка за јазиците
- при запишување, тест за утврдување на нивото со цел да се запишете во група соодветна на вашето ниво и потреби
- групи со ограничен број на слушатели кои овозможуваат индивидуален пристап
- усогласена и следена педагошка пракса која овозможува следење на прогресот на секој слушател
- можност да се сертифицира нивото со меѓународно призната диплома, во испитни сесии оддржувани во наши простории