следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

Други услуги

Францускиот институт во Скопје врши, во текот на целата година, разновидни услуги кои одговараат на вашите разновидни потреби.

Подготовка за полагање на сертификат (ДЕЛФ/ДАЛФ, ТЦФ, ТЕФ)

За време на оваа подготовка од 6 часа, ќе имате можност да ја откриете структурата на испитот кој сакате да го полагате, да ја вежбате техниката на испитот и да се подготвите за поуспешно полагање.
Цена:
ниво А: 5400 ден.                       Цена за ученик во ИФС: -10%
ниво Б: 6000 ден.
ниво Ц: 6500 ден.

Пишување на CV и мотивациско писмо

Со помош на методологија која се концетрира на вас и вашиот професионален проект, овој модул ќе ви понуди средства за осмислување, пишување и еволуирање на вашето CV и мотивациско писмо, во зависност од неговата намена.
Модул од 6 часа
Цена: 5400 ден.                         Цена за ученик во ИФС: -10%  

Превод

Францускиот институт во Скопје врши преведувачки услуги на административни документи од општ и специфичен карактер, како и препрочитување на преводи.
цена од страна:
општ карактер: 600 ден.
специфичен карактер: 900 ден.

Потврди за јазично ниво

Имате потреба да доставите потврда за јазично ниво во многу краток рок?
Францускиот институт од Скопје издава потврди за јазично ниво со полагање на тест.
Цена: 1300 ден.