следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

Двојазична дебата на англиски и француски јазик

„СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: ВИСТИНСКИ ИЛИ ЛАЖНИ ПРИЈАТЕЛИ?“

Дебата: Среда 22 февруари 2017, 19:30 ч.
Француски институт во Скопје

 Преземете ресурси на оваа тематика

Дали контактите на Фејсбук и бројот на пријателства што ги одржуваме се слика на нашиот реален социјален живот или пак се лажна слика?
Дали нашите Фејсбук пријатели се наши вистински пријатели?
Дали минувајќи време со „пријателите“ на социјалните мрежи, не минуваме помалку време со вистинските пријатели?

Дебатата е отворена за сите средношколци, студенти, нивните пријатели и другари, родители и професори.
Активното учество на дебатата треба да се најави преку испраќање мејл на cours@ifs.mk

Дојдете и искажете го вашето мислење на 22 февруари во 19:30 ч., во Францускиот институт во Скопје и тоа на два јазика: француски и англиски!