следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

Средношколска двојазична дебата

„Дали компјутерот ве оддалечува од светот?“

Четврток 17 ноември 2016, 19:30 ч.
Француски институт во Скопје

 

Истражувањата во врска со ова прашање се спротиставени. Сепак, интернет е значаен фактор за за социјално изолирање за многумина. 

Сè поголем број лица минуваат минуваат часови пребарувајќи и работејќи на интернет, но и „разговарајќи“ со „пријателите“ преку социјалните мрежи. Сами на работа, во семејството или пак на улица меѓу луѓето, дали оваа излоација претставува опасност?

Дојдете и искажете го вашето мислење на 17 ноември, во 19:30 ч., во Францускиот институт во Скопје!

*   *   *

Кои се условите за учество?

Дебатата е отворена за сите средноишколци, студенти, нивните пријатели и другари, родители и професори.
Активното учество на дебатата треба да се најави преку испраќање мејл на cours@ifs.mk

Дојдете, искажете го вашето мислење и разменете идеи со вашите врсници и тоа на два јазика: француски и англиски!