следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

ТЕФ

Тест за евалуација на францускиот јазик

Постои во неколку верзии:
ТЕФ/еТЕФ
ТЕФАК/еТЕФАК
ТЕФ Канада
ТЕФ за француска националност

Испитот ТЕФ е наменет за кандидатите на кои францускиот јазик не им е мајчин јазик. Наменет е за возрасни кандидати (≥ 16 години) кои сакаат да ги евалуираат реалните компетенции во францускиот јазик. Може да биде употребен во рамките на проект за универзитетско образование, за имиграција во франкофонска земја или за други лични причини.

Задолжителни испити:
Писмено разбирање: 60 мин. - 50 прашања - 300 поени
Усно разбирање: 40 мин. - 60 прашања - 360 поени
Лексика и структура: 30 мин. - 40 прашања - 240 поени

Факултативни испити:
Усно изразување: 15 мин. - 2 теми - 450 поени
Писмено изразување: 60 мин. - 2 теми - 450 поени

Од 1-ви ноември 2016 (за ТЕФАК) и од 1-ви јануари 2017 (за ТЕФ за француска националност), потврдите повеќе не се издаваат во хартиена варијанта.

За повеќе информации, посетете ја страната https://www.centredelanguefrancaise.paris/