следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

ДЕЛФ/ДАЛФ

ДЕЛФ/ДАЛФ (Диплома за познавање на францускиот јазик/Диплома за продлабочено познавање на францускиот јазик)

ДЕЛФ (Диплома за познавање на францускиот јазик) и ДАЛФ (Диплома за продлабочено познавање на францускиот јазик) се официјални дипломи на француското Министерство за образование.
Тие одговараат на 6-те нивоа дефинирани со Заедничката европска референцијална рамка за јазиците.

ДЕЛФ и ДАЛФ се состојат од 6 независни дипломи:

ознака на нивото

соодветна диплома

основен корисник

воведно

ДЕЛФ А1

средно

ДЕЛФ А2

независен корисник

праг

ДЕЛФ Б1

напредно

ДЕЛФ Б2

искусен корисник

самостојно

ДАЛФ Ц1

владеење

ДАЛФ Ц2

Овие дипломи им се наменети на сите странски лица кои сакаат да го валидираат своето ниво на познавање на францускиот јазик. Тие се меѓународно признати и се со доживотна валидност.

Различни верзии за различни категории на кандидати:

ДЕЛФ Прим

За деца од основно училиште

ДЕЛФ Прим е диплома која ги валидира првите познавања од францускиот јазик. Опфаќа три нивоа:

ДЕЛФ Прим А1.1
ДЕЛФ Прим А1
ДЕЛФ Прим А2

ДЕЛФ Јуниор

За основци и средношколци

ДЕЛФ

За возрасни Двете верзии (јуниор и возрасни) ги покриваат нивоата од А1 до Б2.

ДЕЛФ А1
На ова ниво, можете да разбирате и употребувате познати изрази од секојдневието, за конкретни потреби.

ДЕЛФ А2
На ова ниво, можете да разбирате и употребувате чести изрази и да се снаоѓате во едноставни ситуации од секојдневниот живот.

ДЕЛФ Б1
На ова ниво, можете да водите дијалози, да го искажете вашето мислење и да се соочувате со тековни ситуации од секојдневниот живот.

ДЕЛФ Б2
На ова ниво, можете да разбирате и да зборувате на посложени теми. Може да аргументирате на ефикасен начин, со леснотија и спонтаност.

ДАЛФ

Дипломата ДАЛФ покрива две нивоа:

ДАЛФ Ц1
На ниво Ц1, може да водите спонтана комуникација без потешкотии.

ДАЛФ Ц2
На ниво Ц2, владеењето со јазикот се карактеризира со висок степен на прецизност, соодветност и спонтаност во изразувањето.

ДЕЛФ Про

За професионални потреби (од A1 до Б2)