следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

Ателјеа за возрасни и средношколци

Ателје конверзација

Ова ателје ви овозможува да го подбрите усното разбирање и изразување, го збогатува вашиот речник и ви овозможува да дискутирате на теми од актуелноста. За да може да го следите ателјето конверзација, треба да имате ниво Б1 или Б2. 
1 х 2 часа неделно, 16 часа во сесија
редовна цена за сесија: 3190 ден.

Ателје патување и туризам

Париз за 3 часа, никогаш не бил толку блиску колку сега со компанијата Виз Ер. Францускиот институт во Скопје ви предлага ателје за подобро да го подготвите вашето патување во Париз.
1 х 2 часа неделно, 16 часа во сесија
редовна цена за сесија: 3190 ден.

Ателје подготовка за универзитетски студии во Франција

Заминувате или имате во план да заминете на студии во Франција?
За да го подготвите подобро вашето универзитетско интегрирање и да го подобрите нивото на француски јазик, ова ателје е понудено во неколку форми:
- ателје за почетно ниво
- ателје за зжурирање на нивото
- интензивно ателје
Достапно и он лајн!
Контактирајте не за цени.

Ателје за француски филм

Часовите ќе им овозможат на слушателите да се запознаат со француската кинематографија, како и да разговараат за одредени аспекти од конкретни филмови (актери, глума, сцена, декор, итн). За да може да го следите ателјето за француски филм, треба да имате најмалку А2 ниво потврдено.
1 х 1ч30 месечно, од септември до јуни
цена за час: 300 ден.
цена за ученик во ИФС: 250 ден.

Ателје средношколска дебата

Еднаш месечно, средношколците дебатираат на теми кои се блиски до нив и ги развиваат своите способности за аргументирање, бранење на мислење и убедување.
Три циклуси годишно, проследени со јавно соочување на идеи.
1 х 1ч30 месечно, од септември до јуни
цена за час: 300 ден.
цена за ученик во ИФС: 250 ден.
цена за циклус: 750 ден.