следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

 

 

 

Што е францускиот јазик ?

Францускиот јазик е, пар екселанс, јазик на јазичната разнообразност. Единствен јазик кој, заедно со англискиот, се зборува на петте континенти и којшто ви овозможува да им се придружите на 200-те милиони луѓе кои го зборуваат.

Тој е најдобриот клуч што ви ги отвора вратите за студирање на француските реномирани универзитети и високи школи, во пријатна средина за работа и живеење. Вашите студиски планови може да ги реализирате и со помош на стипендии на Француската влада , а одделот CampusFrance ќе ви помогне да го подготвите вашиот студиски престој.

Тој е драгоцен адут за вработување и пристап до лидерски позиции во големите мултинационални компании што потекнуваат од Франција, како во Франција, така и во некоја од многуте земји на Франкофонијата. Француската економија е петта по големина во светот!

Францускиот јазик е неодминлив во градење меѓународна кариера. Работен јазик и официјален јазик во Европската унија и најголемите меѓународни организации како ООН, УНЕСКО, НАТО, Меѓународниот олимписки комитет или на Меѓународниот Црвен крст. Францускиот јазик е исто така и јазик на неколку меѓународни судови.

Тој е јазик на модерното време, на трето место по застапеност на Интернет, по англискиот и германскиот јазик.

Тој е јазик на креации и иновации, без оглед дали се работи за уметнички дела, или пак во областа на науката и технологијата.

Тој е јазик на културата во нејзините традиционални форми, но исто така и оние најмодерните. На француски се изразува книжевноста, шансоната, театарот и филмот, но и архитектурата и модата.

Овој јазик се изучува во Францускиот институт во Скопје по современи методи, насочени кон слушателот и неговата лична и професионална реалност, со професори коишто стручно ги применуваат најновите образовни иновации како Интернетот или белите интерактивни табли (TBI), како што тоа се прави во нашите простории за настава.

Во комплетната мрежа на македонски образовни институции, од основно училиште до универзитет, францускиот јазик го предаваат квалификувани професори коишто се грижат за својата континуирана едукација со цел што подобро да одговорат на потребите на нивните млади слушатели.

Тој е јазик на вкусовите и парфемите, на уметноста на живеење и на соништата, на откривањето и споделувањето.

Тој е јазик што ви треба и којшто Францускиот институт во Скопје ви го нуди!