следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

Креативни работилници за деца и млади

Креативните работилници, освен што се место за креативно изразување, тие се и можност за употреба или запознавање со францускиот јазик на забавен начин.
Работилниците се отворени една сабота во месецот, за деца со или без познавања од францускиот јазик, за деца од 3 до 10 години.

 

КАЛЕНДАР НА КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА ЗА УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

Сабота 13 октомври 2018
Во светот на боите
Ги комбинираме трите основни бои и создаваме шарени керамички ракотворби.

Сабота 10 ноември 2018
Театар со марионети од чорапи
Земете еден чорап, претворете го во марионета и дајте му втор живот.

Сабота 8 декември 2018
Божиќ и Нова Година
Се подготвуваме за Божиќ и Нова Година, и заедно изработуваме оригами подароци.

Сабота 9 февруари 2019
Биди мој Валентајн
Се забавуваме и подготвуваме честитка за нашата симпатија.

Сабота 9 март 2019
Ги сакаме магнетите
Преку примери и слики ја откриваме моќта на магнетите.

Сабота, 13 април 2019
Нашето тело
Низ игра се запознаваме со органите во телото и нивната функција.

Сабота 11 мај 2019
Шишенца за среќа
Со комбинирање на различни метеријали (обоена сол, мешункасти зеленчуци, пченка, ориз) декорираме и дизајнираме пластични провидни садови.

Редовна цена: 300 ден.
Цена за ученик во ИФС: 250 ден.
Уписите се вршат во Францускиот институт во Скопје.