следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

Часови по француски јазик

Сакате да го научите францускиот јазик?
Сакате да ги обновите вашите знаења или да стекнете повисоко ниво?

Францускиот институт во Скопје е ваш партнер!

Францускиот институт во Скопје и неговиот педагошки тим ви предлагаат разновиден начин на изучување на францускиот јазик, прилагоден на вашите потреби и мотивација.

Почнувајќи од забавните активности за децата, па до подготовката за добивање сертификати за влез на универзитетите, преку изучување на јазикот од професионални потреби и изучување по сопствена иницијатива, без да се заобиколат задоволството при конверзацијата за време на часовите и отвореноста кон светот, Францускиот институт е отворен за сите заинтересирани кандидати и сите потреби. 

Нивоата се усогласени со јазичните нивоа на Советот на Европа (од А1 до Ц2). Часовите можат да се одвиват во група или индивидуално, според вашето барање. 

Часовите ги оддржува стручен и искусен педагошки тим, кој користи најмодерна технологија во наставата, како интерактивни табли, компјутери и интернет. Професорите следат континуирана педагошка обука со цел постојано да се усовршува квалитетот во наставата и подобро да се одговори на барањата на кандидатите.

Наставата се заснова на комуникација и активен пристап, со посебен акцент на размените и комуникацијата помеѓу изучувачите на часот, откривајќи им ја истовремено француската актуелност и култура. Изучувачите имаат на располагање и посебна интернет алатка, кој им овозможува да ја продолжат работата после часот, да ги продлабочат своите вештини и да ги прошират знаењата. 

Да се учи француски јазик во Францускиот институт во Скопје, значи да се живее и размислува на француски!