следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Франкофонски натревари 2014


Натпревар за писмена творба на француски јазик:

„Кажи ми десет зборови...“

Здружението на професорите по француски јазик на Република Македонија (APFRM) и Францускиот Институт во Скопје, со поддршка на Националната комисија за Франкофонија при Владата на Република Македонија, организираат натпревар за писмена творба на француски јазик „Кажи ми десет зборови...“.
Оваа година, десетте зборови се избрани помеѓу зборовите или изразите позајмени од други јазици.
Ослободете ја вашата креативност и искористете ги зборовите ambiancer, à tire-larigot, s'enlivrer, charivari, faribole, hurluberlu,  ouf, timbré, tohu-bohu, zigzag во книжевна творба.
Последен рок за достава на творбите: 10 февруари 2014, на следната адреса:
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Катедра за француски јазик и книжевност (за ЗПФЈМ)
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9А  - 1000 Скопје

Натпревар на француска шансона:

Оживејте ја француската и франкофонската шансона!  

Претселекцијата на овој традиционален средношколски натпревар, кој секоја година привлекува се поголем број на млади учесници, ќе се одржи в сабота 22 март 2014, во 11 часот, во Младинскиот културен центар (Кеј Димитар Влахов, бб).
Финалето на француската шансона со идните музички таленти е в петок 28 март 2014.
Првонаградениот учесник добива патување во Париз.
Краен рок за испраќање на формуларите за учество: понеделник 17 март 2014 во Францускиот институт во Скопје
.
Тука можете да ги симнете ДОКУМЕНТОТ ЗА УЧЕСТВО НА ФРАНЦУСКАТА ШАНСОНА 2014 и ПИСМОТО СО ПРОПОЗИЦИИТЕ ЗА УЧЕСТВО на ова издание на натпреварот на француска шансона.

Натпревар по средношколски театар:

Зборувајте француски и појавете се на сцена!

Учествувајте во што поголем број на овој натпревар!
Победничката трупа ќе учествува на меѓународниот фестивал на франкофонски средношколски театар во Стара Загора (Бугарија) во април 2014.
Натпреварот на франкофонски средношколски театар ќе се одржи в сабота 15 март 2014, во 10 часот, во Младинскиот културен центар (Кеј Димитар Миладинов).
Последен рок за запишување: петок 28 февруари 2014 година, во Францускиот институт во Скопје.
Тука можете да ги симнете ДОКУМЕНТОТ СО ПРОПОЗИЦИИ ЗА УЧЕСТВО, ФОРМУЛАРОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ и  ФОРМУЛАРОТ ЗА ТЕХНИЧКИ И СЦЕНОГРАФСКИ ПОТРЕБИ.

Фестивал на франкофонски детски театар во Битола :

Малите франкофони на театарска сцена !

ФОРМУЛАРОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ треба да се испрати најдоцна до 25 февруари 2014, на следната електронска адреса : c_potelle@yahoo.com  
Натпреварот ќе се одржи во Народниот театар во Битола, на 22 март 2014 година.