следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Франкофонски игри - Уметност, спорт и француски јазик

Директен пренос од свеченото отворање на Франкофонските игри, како и преноси од самите натпревари, ќе бидат емитувани на телевизискиот канал ТВ5 Монд, кој е ексклузивен партнер на оваа манифестација.

ТУКА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ПРОГРАМАТА НА НАТПРЕВАРИ КОИ ЌЕ БИДАТ ЕМИТУВАНИ НА ТВ5 МОНД.

Франкофонските игри“ се организираат секоја четврта година и претставуваат една извонредна средба помеѓу уметници и спортисти од целиот свет, кои ќе се натпреваруваат на полето на културата и спортот.

Седмите Франкофонски игри ќе се одржат од 7 до 15 септември во Ница, а ќе бидат отворени на 7 септември 2013, со почеток во 19 часот, на Англиското шеталиште.

Ова издание ќе собере на едно место 57 земји од 77 земји членки на Франкофонијата. Ќе бидат организирани 7 спортски и 7 културни натпревари, како и натпревари по „активности во развој“.

Македонски уметници ќе земат учество на овој голем настан:
- Ана Иваносвка, со инсталација и скулптури,
- Ѓорге Јовановиќ, изложба на фотографии,
- Горан Менков, ликовна изложба,
- балетска претстава “Индиго квартет“ на Искра Шукарева,
- хип-хоп танчерско студио "Break a lake" и
- музичка група "The John".

Погледнете ја ТУКА програмата на културни и спортски активности во рамките на Франкофонските игри.