следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

ПРАЗНИК НА ФРАНКОФОНИЈАТА 

Петок 24 март 2017 | Младински културен центар

Погледнете ја галеријата со фотографии.

 Преземете го резимето од настанот.

Регионален форум „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“ (преземете ја целосната програма на форумот)
Форумот „Францускиот јазик: предизвик и адут за професионалната иднина на младите” има за цел да ги поврзе фирмите, институциите, универзитетите и училиштата во Македонија и во регионот.

10:30 ч. - Отворање на форумот :
„Освен тоа, зборувам и француски! - Им даваме збор на младите”

11:00 ч. - Прва тркалезна маса :
„Францускиот јазик, неопходен за меѓународна кариера”

12:00 ч. - Говор на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и доделување на наградите од фото натпреварот

Најдобрите фотографии од натпреварот беа изложени во холот на Младинскиот културен центар.

12:30 ч. - Втора тркалезна маса :
„Познавањето на францускиот јазик како можност за работа на младите на Балканот“

13:30 ч. - Трета тркалезна маса :
„Франкофонски универзитетски обуки достапни во Европа“

14:30 ч. Коктел

15:30 ч. - Работилница : „Специјализиран француски јазик: како и зошто да се предава?”

20 ч – Концерт на францускиот поп изведувач Шарл Батист
Вечер на запознавање со француската шансона со овој млад поп артист чија кариера е во подем. 
По првиот албум издаден од Универсал и како соло изведувач кој отварал престижни концерти (Жилиет Греко, Бенабар, Големата Софи, Мишел Делпеш, Жак Ижлин и многу други ...) Овој млад изведувач настапува на меѓународната сцена (Канада, Бирманија, Кореја, Кина, Монголија...) благодарение и на Француските институти и Алијанси, преку концерти, на кои изведува оригинални нумери и познати француски песн, како и Диџеј сетови 100% посветени на Француската поп сцена.