следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Фото натпревар
„Освен тоа, зборувам и француски!“

#EtEnPlusJeParleFrançais #ЗборувамФранцуски

 

Ги објавуваме десетте учесници, чиишто фотографии беа дел од изложбата на 24 март, во Младинскиот културен центар, во чест на прославата на Франкофонијата:

  • Ана Анѓелевска (прва награда)
  • Владанка Тефова (втора награда)
  • Енис Воца (трета награда)
  • Искра Бојковска
  • Каролина Димовска
  • Иван Јангелов
  • Ана Парлапанова
  • Бојана Пешова
  • Анастасија Серафимовска
  • Амар Адеми

Ве покануваме да дојдете во 12 часот во голем број за да ја погледнете оваа прекрасна изложба и да го проследите прогласувањето на тројцата победници на кои ќе им бидат доделени наградите од нашите партнери: Охридска банка - Société Générale, Literattura.mk и TV5 Monde.

Погледнете го албумот со фотографии.

__________________________________________

 

Францускиот институт во Скопје организира фото натпревар поаѓајќи од промотивната кампања за францускиот јазик насловена како "Et en plus, je parle français !" („Освен тоа, зборувам француски!“).

На натпреварот можат да учествуваат сите франкофони и нефранкофони од Македонија, без разлика на возраста.
Фотографиите треба да се инспирирани од оваа кампања и да ја прикажат модерната страна на францускиот јазик.

Учесникот треба да испрати слика од себеси во оригинален и автентичен амбиент со испечатен плакат со слоганот "Et en plus, je parle français !".
Кликнете тука, симнете ја сликата и испечатете ја во боја.

Услови за учество на натпреварот:

  • испратете ни ја вашата фотографија по WeTransfer на следниот мејл: culture@ifs.mk најдоцна до 10 март 2017 (во висока резолуција) ;
  • во пораката со фотографијата по Wetransfer, назначете го градот, вашето име, презиме, телефонски број за контакт и куса реченица која ја објаснува вашата врска со францускиот јазик и која ќе започне со "Avec le français… " (Со францускиот јазик...) ;
  • објавете ја фотографијата на социјалните мрежи (Facebook, Twitter, Instagram) внесувајќи ги двата хаштага: #EtEnPlusJeParleFrancais et #ЗборувамФранцуски ;
  • еден учесник има право на учество со само една фотографија ;
  • нема ограничување на возраста ;
  • конкурсот се однесува на фотографи аматери.

Жири-комисија ќе ги разгледа испратените фотографии во текот на следната недела по истекувањето на назначениот рок и ќе ги селектира десетте најдобри фотографии.
Изложбата на најдобрите фотографии и доделувањето на наградите ќе се одржат на 24 март 2017 год., на Денот на одбележувањето на Франкфонијата

Натпреварот се организира со поддршката на ТВ5 Монд.

*   *   *

Со вашето учество на овој натпревар, вие имате право да земете учество и на меѓународниот натпревар организиран од Францускиот институт во Париз и со тоа добивате шанса са станете едно од лицата во рекламната кампањата којашто ќе започне летово за Аеродромите во париз (Paris Aéroport).
Прва награда: патување во Париз.

Францускиот институт во Париз ќе ги селектира 10-те најдобри фотографии коишто најмногу ќе одговараат на духот на овој натпревар. Од сите 10 селектирани фотографии, ќе бидат доделени две први награди: една од жири комисија и една од публика. 

Првите десет фотографии ќе бидат изложени во текот на настанот посветен на францускиот јазик којшто ќе се одржи во Париз за време на Неделата на Францускиот јазик и на Франкофонијата во 2017 година