следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Издание 2017 : „Кажи ми десет зборови дојдени од интернет“

 

Натпреварот „Кажи ми десет зборови дојдени од интернет“ е отворен за сите ученици од основните училишта. Тие би требало да изработат колективна уметничка или книжевна творба поаѓајќи од предложените десет зборови за овогодишното издание.

Целта на натпреварот е да ја поттикне креативноста на учениците и јазичните вештини на француски јазик како јазик на културата.

Годинава натпреварот се однесува на прилагодливоста на францускиот јазик кон новитетите во јазикот од дигиталната сфера.

Десетте зборови, чие значење е врзано со употребата на интернет, се следните: avatar, canular, émoticône, favori(te), héberger, fureteur(euse), nomade, nuage, pirate et télésnobber.

Дознајте што значат овие десет зборови и ослободете ја вашата креативност: искористете ги во состав, слам твора, песна, видео... 

За да ги дознаете условите за учество на овој натпревар, следете го следниот линк.