следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Прослава на Франкофонијата 2016

Оваа година, прославата на денот на Франкофонијата беше фокусиран на употребата на францускиот јазик како предност за успешна кариера, под мотото: “Франкофонијата ти отвора врати !”

По повод прославата на денот на Франкофонијата во Македонија се одржаа повеќе активности на 19 и 20 март, на кои беа присутни повеќе од 700 лица, меѓу кои имаше многу млади.

Овој иновативен концепт ги обедини француските фирми во Македонија (F.A.M.E.'S, Yves Rocher, Охридска банка - Société générale, Europimpex-Peugeot, Publicis, AGS, APAVE, Pastel), мрежата на француски институции и организации (ЕФИС, Француските алијанси од Битола и од Тетово, Бирото за соработка помеѓу Нормандија и Македонија, угостителските училишта од Скопје и од Тулон, Филолошкиот факултет од Скопје и Здружението на професори по француски јазик во Македонија) како и професорите по француски јазик кои ги анимираа бројните средношколци и студенти - посетители настанот. Целта беше да се истакне дека познавањето на повеќе јазици, особено францускиот, е од суштинско значење во деловниот свет.

Саемот го отвори Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција во Македонија во присуство на градоначалникот на Скопје и голем број претставници и пријатели на Франкофонијата.

Господинот Ив Монтене, претседател на Институтот за култура, економија, геополитика во Париз, за време на тркалезната маса “Францускиот јазик и глобализацијата“, ја илустрираше предоминантноста на човечкиот капитал и взаемното разбирање во професионалните односи и укажа на систематското прибегнување кон англискиот во големите меѓународни групи, меѓу кои и француските. Тој покажа дека франкофонскиот економски простор не е мит, особено во Африка, и ја повика македонската младина да се впушти во освојувањето на нови професионални можности, особено во франкофонските земји, кои се во полн развој.

Угостителското средно училиште “Ан-Софи Пик” од Тулон кое зема учество на саемот во рамките на ЕРАЗМУС размената со средното училиште “Лазар Танев” од Скопје беше симбол на оваа европска мобилност за млади на професионална обука. Исто така, три успешни лица франкофони, кои работат во франкофонски фирми, посведочија за богатството на повеќејазичноста и проширувањето на видиците што им го овозможило изучувањето на францускиот јазик. Еден македонски алумни, доктор по европско право, потсети колку е значаен францускиот јазик во европските и меѓународните институции и посочи дека за време на неговото универзитетско образование, она што најмногу го фасцинирало надвор од самиот јазик се всушност вредностите коишто ги шири јазикот.

Франкофонијата треба да продолжи широко да ги отвора своите порти за младите; францускиот јазик е сè уште примамлив и го одржува својот углед на Балканот. Во соработка со град Скопје и соседните општини, Францускиот институт и Француските алијанси им овозможија на повеќе од стотина луѓе во период од два дена повеќе ателјеа на тема “Деловен француски јазик”. Целта на овој проект беше да ѝ покаже на широката јавност дека францускиот јазик не е јазик на минатото, туку јазик на иднината.

За крајот на оваа манифестација, која исто така им овозможи на младите трупи да се претстават на франкофонскиот средношколски театар, во Младинскиот културен центар се одржа и голем музички концерт на француски шансони. Франкофонскиот пејач од македонската група Фолтин ја освои бројната публика дојдена да ја слави Франкофонијата како извонредна културна врска која ги обединува сите оние кои го зборуваат францускиот јазик.

 

Економија и Франкофонија, текст на г-дин Ив Монтене

Линк кон галерија со фотографии од манифестацијата

 

 * * * 

„Професионални средби“

Денови на Франкофонијата : 19 и 20 март 2016

ПРОГРАМА:

САБОТА 19 МАРТ 2016 | МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

10:00 ч. – 12:00 ч. | Прв кат
Интерактивни работилници, забавни активности и анимации на тема францускиот јазик во професионален контекст: симулации на интервју, пишување CV и мотивациско писмо, квиз на тема професии
Средба со гимназијата за хотелиерство од Тулон и дегустација на кулинарски специјалитети.

12:00 ч. – 12:30 ч. | Хол
Свечено отворање на Саемот на франкофонските компании и оператори во Македонија од страна на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција во Македонија

12:30 ч. – 14:00 ч. | Мезанин
Предавање на г-дин Ив Монтене, експерт по геополитика и менаџер, на тема “Францускиот јазик и глобализацијата“, проследено со тркалезна маса и размена на искуства

14h:30 ч. – 16:30 ч. | Кино „Фросина“
Натпревар по франкофонски театар
„Една личност - една професија“

20:30 ч.  | Кино „Фросина“
Концерт на групата „Фолтин“ 

НЕДЕЛА 20 МАРТ 2016 | ТРГОВСКИ ЦЕНТАР „РАМСТОР“

11:00 ч. - 13h00 ч. | Втор кат
Франкофонски анимации на тема професии: изработка на сликовници, симулации, игри на меморија