следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Натпревар по франкофонски театар за средношколци 2016

 Форма : скеч
Тема: „Еден лик, една професија“

 

Францускиот институт во Скопје организира натпревар по франкофонски театар за средношколци, кој ќе се одржи в сабота 19 март 2016 год., од 14:30 ч. до 16:30 ч., во Младинскиот културен центар (Кеј Димитар Влахов, бб).

Натпреварот ќе биде дел од повеќе разновидни активности, кои се организираат во Младинскиот културен центар во знак на овогодишната прослава на Франкофонијата во Македонија. 

Празникот на Франкофонијата годинава ќе биде фокусиран на употребата на францускиот јазик како предност за успешна кариера, под мотото: „Франкофонијата ти отвора врати!“.

Оваа година, театарските претстави треба да бидат во форма на скечеви на тема „Еден лик, една професија“.
Скечевите треба да бидат динамични, да претставуваат одредена професија и по можност да содржат доза на хумор.

Натпреваропт е отворен за сите средношколци франкофони од сите средни училишта во Македонија.

Услови за учество:

  • актерите треба да бидат на возраст од 15 до 19 години
  • театарската трупа треба да е во состав од најмногу 5 членови
  • скечот не смее да трае подолго од 10 минути
  • претставата треба да се изведе на француски јазик
  • една гимназија смее да земе учество со најмногу 2 скеча
  • формуларот за учество (кој може да се симне подолу) треба уредно да се пополни и да се испрати на двете подолунаведени електронски адреси и тоа до подолуназначената дата.

Жирито ќе оценува согласно следните критериуми:

  • актерската игра
  • францускиот јазик
  • режија (вклучително сценографија и костимографија)
  • почитување на условите за учество.

Техничките потреби и сценографијата треба да бидат скромни со оглед на тоа што оганизаторите не се во можност да ги задоволат сите барања на овој план.

Победничката трупа ќе земе учество на Меѓународниот фестивал на франкофонски театар во Стара Загора, Бугарија.

За да земете учество на натпреварот, ве молиме да го пополните ФОРМУЛАРОТ ЗА УЧЕСТВО и да го испратите:

- по пошта на следната адреса:
Француски институт во Скопје
Градски ѕид блок 5, ПП 388 - 1000 Скопје

или 
- на следните електоронски адреси
:
suzana.pesik@ifs.mk и clemence.lefevres@ifs.mk

Ниту еден упис по телефон и надвор од зададениот рок нема да биде прифатен.

Последен рок за упис: понеделник 29 февруари 2016.