следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Конкурс за педагошки проекти до училишните установи во Македонија во рамките на Франкофонијата во 2016

 

Францускиот институ во Скопје отвора конкурс за педагошки проекти во чија основа се наоѓаат идеи, кои се впишуваат во рамките на главните цели на Институтот.

Конкурсот за педагошки проекти на Францускиот институт во Скопје за 2016 година е фокусиран кон една активна и динамична Франкофонија во професионален контекст, Франкофонија којшто го фаворизира францускиот јазик како корисна алатка за професијата на поединците и за перспективна професионална иднина.

Конкурсот е отворен за сите училишни установи во Македонија во кои се изучува францускиот јазик и тоа за сите возрасти (основни, средни училишта, и универзитети).

Учество на конкурсот се зема со пополнување  ФОРМУЛАРОТ ЗА УЧЕСТВО и испраќање на истиот најдоцна до 29 февруари 2016 година, на следната емаил адреса: education@ifs.mk

Приоритетни проекти ќе бидат оние коишто:

  • ќе ја почитуваат наведената тематика 
  • се оригинални им отвораат нови перспективи на оние кои го изучуваат францускиот јазик
  • во најголем степен го промовираат францускиот јазик
  • ќе бидат усогласени со мисијата и предлог-буџетот на Францускиот институт во Скопје.

Пожелно е училишните установи од исти градови да предложат заеднички проект заснован на взаемна соработка.
Финансиската рамка за поддршка на проектите е од 150 до 500 евра.

Ве молиме отворете го  ОВОЈ ЛИНК за да се информирате подетално за конкурсот.