следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Календар на Франкофонијата во Македонија 2015

 

Календарот на Франкофонијата во Македонија за 2015 го сочинуваат активностите планирани од организациите кои заеднички ја споделуваат употребата на францускиот јазик и заедничите вредности на Франкофонијата, културната разновидност и солидарноста меѓу народите, а тоа се:

  • француската мрежа во Македонија ја сочинуваат Францускиот институт во Скопје и Француските алијанси во Битола и Тетово;
  • амбасадите на земјите членки и на земјите набљудувачи на Меѓународната организација на Франкофонијата, како што се Белгија, Швајцарија, Бугарија, Австрија, Унгарија;
  • македонските државни институции: на Филолошкиот факултет во Скопје, Универзитетот "Свети Климент Охридски" во Битола, Националната комисија за Франкофонија, Националната и универзитетска библиотека, градот Велес;
  • невладиното здружение Франкофонски Круг во Скопје;
  • Асоцијацијата на професори по француски јазик на Република Македонија.


Распоредот на настаните во рамките на Франкофонијата се концентрирани околу три главни теми:

  • употребата на францускиот јазик;
  • франкофонската културна разновидност во Македонија;
  • негување на културно-историското наследство.


Франкофонијата во Македонија се празнува во текот на три месеци: март, април и мај, преку најразновидни франкофонски средби и настани.


Франкофонската културна разновидност во Македонија 

Централен настан на Франкофонијата ќе биде маратонот на солидарноста во должина од 5 км (Паркот на Франкофонијата - Скопје Сити Мол), на кој учество можат да земат лицата кои имаат над 15 години, а ќе се одржи на 21 март 2015 година, во рамките на проектот "Спорт и млади".


Француски тематски вечери:

  • гастрономска вечер, како дел од меѓународниот проект "Вкусот на Франција": француски специјалитети на менито на клуб-ресторанот „Барбакан“в четврток 19 март 2015;
  • традиционална француска вечер на Асоцијацијата на професори по француски јазик на Република Македонија, во текот на која се доделуваат наградите на учениците и студентите кои се победници на националните и меѓународните натпревари;
  • вечер во чест на прославата на 5-годишнината од постоењето на Франкофонски круг-Скопје;
  • поетска вечер и читање на дела од албански писател преведен на француски, во организација на Француската алијанса во Тетово.

Предавања / дебати:

  • предавање на тема на Првата светска војна од Макс Шјавон, историчар и писател, и д-р Александра Стојчев, директор на Музејот за истражувања во областа на безбедноста и мирот, на 25 март во ЕУ инфо центарот и на 6 март во Битола , во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Република Франција;
  • кафе дебата за положбата на жените во денешницата на 6 март 2015 во Францускиот институт во Скопје;
  • предавања во областа на правото (Човекови права) во Битола и Тетово, од страна на г-дин Себастијан Ботро-Бонтер, експерт во областа на правото, во организација на Француските алијанси во Битола и во Тетово.

Музички настани:

  • концерт на дела од француски композитори на австриски пијанист со македонски виолинист, организиран во март од страна на Амбасадата на Австрија;
  • вечер на француски шансони во Велес, во организација на Асоцијацијата на професори по француски јазик на Република Македонија и на градот Велес;
  • натпревар на француска шансона, во организација на Францускиот институт во Скопје.

Изложби:

  • изложба во витрината на Францускиот институт во Скопје на книги од бугарски автори, преведени на француски јазик, во издание на Колибри, во април и дебата на тема превод, во организација на Амбасадата на Бугарија, Бугарскиот културен центар и Францускиот институт во Скопје;
  • изложба на преводи на книги од француски на македонски во Националната и универзитетска библиотека и тркалезна маса во мај на тема политика на предедување на дела, организирана од страна на Националната и универзитетска библиотека во соработка со Министерството за култура на Македонија;
  • изложба на француски книги на Општина Велес во своите простории (Град на културата во Република Македонија за 2015 година), во организација на Општина Велес и на Народната и универзитетска библиотека;
  • изложба "Коњи на слобода" во Паркот на Франкофонијата, во организација на Франкофонскиот круг во Скопје;
  • изложбата на тема Елисејска договор, во организација на Француската Алијанса од Битола и Универзитетот "Св.Климент Охридски", а во соработка со Гете Институтот и Францускиот институт во Скопје,
  • изложба на фотографии од Роберт Јанкуловски на тема Прва светска војна, на 10 март, во организација на Француската Алијанса во Битола, во соработка со Францускиот институт во Скопје и со поддршка на Министерството за култура на Македонија.

Театарски настани:

  • натпревар по средношколски франкофонски театар, во организација на Здружението на наставници по француски Македонија и Францускиот институт во Скопје;
  • театарска пиеса инспирирана од романот "Страв и трепет" на белгиската авторка Амели Нотомб, во изведба на студентите на Филолошкиот факултет во Скопје, на 8 април 2015 година, на Факултетот за драмски уметности;
  • изложување на дела на Нотомб во Францускиот институт во Скопје.

Филмски настани:

  • Недела на француски филм во Битола, во организација на Француската Алијанса во Битола;
  • кино-клуб во Кинотеката на Македонија со проекција на филмот „Жапелу“ во организација на Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија и прикажување на други франкофонски филмови.


Употреба на францускиот јазик

  • француско-унгарски стипендии во знак за одличната соработка меѓу двете земји и за иднината на францускиот јазик во Унгарија;
  • организирање на национални натпревари од страна на Асоцијацијата на професори по француски јазик на Република Македонија и учество на меѓународни натпревари: натпревар по правопис, национален натпревар по диктат, учество на натпреварот "Кажи ми десет зборови", квиз во двојазичните класови во гимназијата "Орце Николов", пишување текст на тема "Планетата во моето срце", натпревар по средношколски франкофонски театар француски (во соработка со Францускиот институт во Скопје), традиционалниот јазичен натпревар Олимпијади;
    натпревари во организација на Француската алијанса во Битола: натпревар по театар за млади и наптревар по петанк;
  • училишна размена меѓу средношколци од гимназијата од Тетово и од Лизје и изложба на проекти изработени од овие две средни училишта (проект на Француската алијанса во Тетово);
  • работилници на француски јазик врзани за спортски активности, во организација на Францускиот институт.


Негување на културно-историското наследство

  • франкофонското културно-историско наследство во Битола: претставување на проектот на историјата на гимназијата во Битола;
  • изработка на водич на француски јазик за архитектурата и културно-историското наследство во Тетово, кој треба да излезе од печат во почетокот на мај (проект предводен од страна на Француската алијанса во Тетово);
  • викенди на меѓусебни средби на младите на Попова Шапка, во организација на двете а француски алијанси во Тетово и во Битола.