следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Трка во чест на Франкофонијата

„Трчај за Франкофонијата“

 

Спортот во Македонија е силна точка на земјата и е одлична алатка за мултикултурна и мултијазична размена.

Ова е една од главните причини зошто Францускиот институт во Скопје ја организираше големата трка во чест на прославата на Франкофонијата.

Ова солидарна трка, во должина од 4 км, беше отворена за лица над 15 години, немаше натпреварувачки карактер.
Настанот се одржа на 21 март 2015, во 12 часот, со старт од Паркот на Франкофонијата и цел во Скопје Сити Мол.

Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Франција, и г-дин Коце Трајановски, градоначалник на Скопје, официјално ја отворија тркатата, која привлече повеќе од 700 учесници од кои стотина беа ученици од двојазичните класови, кои здружено трчаа под слоганот „Трчај за Франкофонијата".

Пристигнувањето на учесниците беше одбележано со музичка забава, доделување на потврди за учество, танци и освежувања, обезбедени од страна на компанијата Карфур.

Бројното учество на млади луѓе, франкофони и франкофили помогна за промовирање на солидарните вредности за кои се залага Франкофонијата, како што се употребата на францускиот јазик и културната разновидност.

Францускиот институт има чест да се заблагодари на партнерите на овој настан, кои придонесоа за успехот на трката, како што се Град Скопје, Скопје Сити Мол, Карфур, Атлетската федерација на Македонија, македонското Министерство за внатрешни работи и на Црвениот Крст - Скопје, но и веќе ви закажува следен состанок во март 2016 година!