следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Официјално отворање на
Универзитетскиот центар за успех на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Четврток 27 септември 2018, 11 ч.
Филолошки факултет во Скопје 

 

Центарот за универзитетски успех при Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје во Скопје официјално беше отворен денес, 27 септември 2018, од страна на проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, г-дин Петар Атанасов, Заменик Министер за образование, г-дин Мохамед Кетата, регионален директор на Универзитетската агенција за Франкофонијата, и Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција.

Овој центар, кој го носи името „TrèFLE“ (Детелина, на француски „многу француски“) во Скопје е дел од мрежата на Центри за универзитетски успех и е плод на долгогодишната тесна соработка помеѓу Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетската агенција на Франкфонијата.

Ова франкофонско катче, опремено со педагошки ресурси и модерна опрема, има за цел да ја зголеми атрактивноста на франкофонската универзитетска понуда и да биде простор за размени и средби отворен за студентите, професорите и научниците.

Со поддршка на Универзитетската агенција на Франкофонијата.