следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Македонија официјално се приклучи кон програмата Еразмус Плус

Амбасадорот во Мисијата на Република Македонија во Европската унија, Д-р. Андреј Лепавцов и г-дин Јан Трушчински, Генерален Директор во Генералниот Директорат за образование и култура на Европската Комисија, потпишаа Меморандум за разбирање за учество и имплементација на програмата ЕРАЗМУС ПЛУС 2014-2020 во Република Македонија. 

Преку имплементацијата на програмата ЕРАЗМУС ПЛУС во Република Македонија ќе се обезбеди огромна поддршка на образованието, обуката, младите и спортот. 

Во целост, фондовите кои ќе бидат на располагање од ЕРАЗМУС ПЛУС ќе бидат наменети за:

  • Промовирање на мобилноста на студенти, ученици, наставници и друг образовен кадар, млади луѓе во младински размени, младински лидери и волонтери
  • Создавање или подобрување на партнерствата помеѓу институциите и организациите во образованието, обуката и младите
  • Поддршка на дијалогот со цел да се извршат реформи во системите на образование, обука и млади. 

Во Република Македонија надлежна институција за имплементирање на програмата ЕРАЗМУС ПЛУС е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.