следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Меѓународен натпревар „Двојазична генерација 2014“

Францускиот институт, во соработка со РФИ, ТВ5 Монд и списанието le Français dans le Monde, предлагаат меѓународен натпревар за средношколците од двојазичните гимназии.
Учениците треба да снимат аудио или видео запис од три минути, на тема: „Раскажи ни ја твојата двојазична паралелка“.
Записите треба да бидат реализирани од група од двајца ученици, задолжително на возраст од 16 до 18 години.

Кандидатите треба да побараат формулар за упис на следнава електронска адреса: concoursgenerationbilingue2014@institutfrancais.com

а потоа да ги достават комплетното досие најдоцна до 28 февруари 2014, на следната веб страна: extranet.institutfrançais.com (Корисник: dlfls)

За да се информирате подетално за условите и правилата, СИМНЕТЕ ГО ПРАВИЛНИКОТ НА НАТПРЕВАРОТ.

Наградите се 4 патувања во Франција во рамките на втората година на мобилност на „Двојазичната генерација 2014“. 60 ученици од целиот свет ќе ја престојуваат во Франција од 12 до 23 јули 2014 година.