следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Кратки педагошки престои во Франција 2016

Францускиот институт во Скопје ја поддржува континуираната обука на професорите по/на француски јазик.

Две стипендии за кратки педагошки обуки ќе бидат понудени оваа учебна година; истите ќе се одвиваат во месец август и ќе бидат во времетраење од 15 дена во Франција, во еден од овластените центри за обука.

Стпендиите се наменети за професори по француски јазик или професори што предаваат други наставни предмети на француски јазик во државните училишта во Македонија.

Одбраните теми за оваа година е следните:

  • Да се предава француски како странски јазик денес: култура, општество и современи педагошки тенденции (за професори по француски јазик)
  • Да се предава на француски јазик во двојазична паралека или да се предава наставен предмет со воведување на странски јазик (професори кои предаваат наставни предмети на француски јазик)

Заинтересираните професори треба да се пријават со испраќање на биографија и писмо за мотивација, со детално образложение за причините и мотивацијата за учество на следната електронска адреса: education@ifs.mk  најдоцна до 15 мај 2016. Двата документа треба да бидат составени на француски јазик.

Трошокот за обуката, престојот и транспортот се на товар на Францускиот институт во Скопје.