следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

 

Француско меѓународно училиште во Скопје - ЕФИС

Француско училиште во Скопје !

Адреса: Никола Парапунов, бр. 19 - 1000 Скопје

Француското меѓународно училиште во Скопје (ЕФИС) се наоѓа во населбата Карпош, во комплетно реновирани простории и со целосно нов материјал за работа, благодарение на Амбасадата на Франција во Македонија

Училиштето нуди образование за деца од сите претшколски возрасти и, од септември 2014 год., и целосниот школски систем до 5-то одделение.

Од 1-ви септември 2014, г-дин Себастјен Шевале ќе биде новиот Директор на Француското меѓународно училиште, овластен од Министерсвтвото за образование на Франција

Одговорниот и сериозен педагошки тим на училиштето е сертифициран од француското Министерство зa образование. Наставата ја следи француската училишна програма и применува модерни педагошки методологии. ЕФИС потпиша и официјален договор со официјалната француска институција Mission laïque française, која врши контрола и надгледување на сите француски училишта низ светот.

Г-дин Жан-Франсоа Ле Рок, француски бизнимен, познат по тоа што го презеде Француското меѓународно училиште во Сараево и го основа Францускотот приватно училиште во Одеса, се заложи да го следи процесот на трансформирање на училиштето, во една подалечна перспектива. Тој зацртува јасна цел: да го зајакне основното училиште и да обезбеди понатамошен простор за оформување на гимназија, како и издавање на француска или меѓународна матура.

Уписите се веќе во тек и истите се отворени за децата кои живеат во Македонија, за сите националности, како и за децата на Французите кои живеат надвор од државата.

Одбројувањето до успехот почнува од најмала возраст!

Не двоумете се повеќе – подарете им квалитетно образование за успех на вашите деца !

Информации и начин на уписи - ТУКА

Тел.: 02 / 30 83 321
Е маил: info@efis.mk

Кои се соодветните одделенија помеѓу францускиот и македонскиот образовен систем?