следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Летен регионален универзитет во Струга 2019

Континуирана обука 

Овогодишното издание на Летниот регионален универзитет во Струга се организира од страна на Францускиот институт во Скопје, Француските институт во Србија и Хрватска и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставува значајна обука  за пфрофесорите по и на француски јазик од Балканот и од Југоисточна Европа.

Главната цел на оваа обука е да се зголеми визибилитетот на францускиот јазик, да се засили неговото место во образовниот ситем на земјите учеснички на обуката и да созададе поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји. 
Летниот универзитет во Струга е отворен за сите земји од регионот. 

Летниот универзитет ќе биде официјално отворен од г-дин Арбер Адеми, Министер за образование на Северна Македонија, и Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и г-дин Жан-Лик Коаталем, помошен уредник на списанието „Жео“, писател и автор на повеќе книги, во оваа прилика ќе одржи воведно предавање на тема патување.
Летниот универзитет во Струга ќе трае до 5 јули 2019.

Оваа година, Летниот регионален универзитет се одржува од 1 до 5 јули 2019 во хотелот „Дрим“.

Сите потребни информации се достапни на веб страницата на Летниот регионален универзите во Струга 2019.