следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Континуирана обука

Професори по француски јазик и по други предмети што се предаваат на француски, ефикасни и мотивирани, тоа е реалност!

Учењето на јазикот е засновано на добра почетна обука на професорите, како и на соодветна континуирана обука, чијашто цел е да се интегрираат новите наставни методи и најсовремените технолошки алатки.
Предавањето на еден јазик треба да ја одразува јазичната и културната реалност на неговата земја, во нашиот случај тоа е францускиот јазик и Франција.
За таа цел, Францускиот институт во Скопје развива три главни програми:

Семинари за обука организирани од Францускиот институт во Париз, со Меѓународниот центар за педагошки студии CIEP, или во регионот, со локалните француски институти. Овие семинари може да бидат наменети за педагошкиот кадар, како и за директорите. Францускиот институт во Скопје организира такви семинари или го поддржува учеството на македонските претставници. Огласите за пријавување се објавуваат на оваа веб-страница.

Летен универзитет во Струга, наменет за професорите по француски јазик и професорите коишто предаваат предмети на француски јазик во Македонија, има регионална димензија бидејќи го следат и професори од соседните земји.

Кратки престои за педагошко усовршување (SPCD) во Франција.

Овој значаен напор ја отсликува грижата на Францускиот институт во Скопје за тоа наставата по француски јазик да биде корисна, тесно поврзана со личните и професионални потреби на учениците и студентите, на актуелни теми, со изразни и комуникативни средства и размени коишто ги користат македонските млади слушатели: музика, филм, списанија, интернет, информатика, ... Ова е можно благодарение на ангажманот на голем број професори вработени во училиштата и на универзитетите.

За сите образовни и јазични прашања, Францускиот институт во Скопје работи во редовна координација со Министерството за образование и наука, Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија APFRM, Франкофонскиот круг на Македонија , како и со здруженија за француско и франкофонско пријателство.