Европски ден на јазиците
ПОВИК ЗА ПЕДАГОШКИ ПРОЕКТИ
до училишните и образовни установи во Македонија
Секоја година, на 26 септември се одбележува Европскиот ден на јазиците. Одбележувањето на овој ден е на иницијатива на Европскиот совет и претставува одлична прилика за подигнување на свеста на популацијата за значењето на изучувањето на јазиците и за промоцијата на културното богатство на Европа.
Јазичниот диверзитет ќе биде одбележан низ стотина активности во цела Европа, кои имаат за цел поттикнување на изучувањето на јазиците. Да се одбележи еден ден на јазиците значи да се истакне јазичната разновидност, културното богатство, повеќејазичноста и учењето на јазиците во текот на целиот животот.
Францускиот институт во Скопје се придружува на прославата на овој ден и отвора повик за педагошки проекти, кои имаат за цел да ги поддржат иницијативите на училишните и образовните установи, кои ја промовираат повеќејазичноста, а особено изучувањето на францускиот јазик.
Овој повик се однесува на сите училишни и образовни установи (основни и средни училишта, универзитети), како и библиотеки, во коишто се изучува францускиот јазик.
За да земат учество, установите треба да испратат пополнето досие за учество, најдоцна до 15 септември 2017, на следната електронска адреса: education@ifs.mk
Приоритет ќе им биде даден на проектите коишто:
Им препорачуваме на установите од еден град да достават заеднички проект, базиран врз основа на соработка. Поддршката којашто Францускиот институт ја обезбедува, е од 100 до 150 евра.
Воедно, ќе бидат доделени книги на француски јазик за млади во висина на погореспоменатиот износ, а истите треба да бидат вклучени во рамките на педагошките активности во проектот.
Пред отпочнувањето на активностите, ќе биде потпишан договор помеѓу Францускиот институт во Скопје и училишната или образовната установа, чиешто досие ќе биде прифатено, а во којшто ќе бидат наведени правата и обврските на секоја страна.
Установата, чиешто досие ќе биде прифатено, ќе треба да ја спомене поддршката на Францускиот институт во секој промотивен материјал или публикација врзана за активноста.
Неколку примери за активности коишто можат да бидат предложени во рамките на овој повик се: