следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Летен регионален универзитет во Струга 2017

Галерија со фотографии од обуката

Во рамките на 19-тото издание на Летниот регионален универзитет во Струга, Францускиот институт од Скопје прими 86 професори по француски јазик од целиот регион (Западен Балкан, Хрватска, Ерменија, Молдавија, Романија).

Оваа континуирана обука на професори по и на француски јазик, којашто се организираше во соработка со Францускиот институт во Србија, Францускиот институт во Хрватска, Амбасадата на Франција во Тирана, претставува регионална платформа којашто се истакнува со својот квалитет, а е наменета за наставниците од основно и средно образование, но и за универзитетите, имајќи предвид дека учество зедоа 6 професори од Филолошкиот факултет во Скопје.

Продлабочување на знаењата, целосна употреба на францускиот јазик, методолошки алатки, повеќекултурен пристап кој се основа на меѓусебно разбирање ја одбележаа оваа едукативна недела, којашто успешно одржа обука за професори од 9 земји од најразлични професионални средини.

Бројни институции и експерти дадоа значаен придонес во одржувањето Универзитетот, а воедно поддршка дадоа Секторот за француски јазик при Министерството за надворешни и европски работи на Франција и Францускиот институт во Париз.

Во рамките на обуката беа одржани следните модули :

  • модул „Реклама“, којшто го одржа Жером Кардон, независен екперт (поддржан од CIEP) ;
  • модул „Литература за млади“, поддржан од Меѓународната организација на Франкофонијата, чијшто претставничка беше Полин Бовилие, одговорна на педагошкиот сектор во Францускиот институт во Киев. Оваа организација исто така го потпомогна присуството на 15 наставници по француски јазик од Централна Европа ;
  • модул „Француски јазик за деловна употреба“, којшто го одржа Доминик Френ од Стопанската комора од Париз и којшто во март 2016 година одржа работилница во рамките на Франкофонијата на тема „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“ ;
  • модул „Алатки за примена на час“ со независниот обучувач Милена Милановиќ од Србија, во име на ТВ5 Монд
  • модул „Повеќејазичен пристап и меѓусебно разбирање“, којшто го одржа Јасмин Пишва, предавач по лингвистика на  универзитетот Гренобл Алп.

 
Меѓународната федерација на професори по француски јазик, две издавачки куќи (Didier-Hatier и Samir Editeur du Liban), како и Алексис Месме, пегагошки советник по фрнцуски јазик при Агенцијата за образование и обуки на Хрватска одржаа посебни работилници, кои особено им се допаднаа на сите учесници.

Летниот унивезитет во Струга се одржа од 3 до 7 јули 2017 година.

За повеќе информации за обуката, отворете ја интернет страната на Летниот регионален универзитет во Струга.